Дали слушнавте за новата хит состојка на гастро-блогерите на Инстаграм?

Една од најновите состојки кои ги красат чиниите на гастро блогерите е цветниот прав или bee polen.

0
181

Последните неколку години сведочат за бројните трендови во светот на здравата исхрана како што се спирулината, акаи и мача правот. Некои се до денеска сѐ уште популарни, додека вревата околу другите полека стивнува.

На Инстаграм профилите на познатите блогери секојдневно уживаме во прекрасните фотографии од шарените оброци со различни намирници.

Со оглед на тоа што топлите денови се пред нас, посебен нагласок ставаме на здравите и полесни оброци кои ќе ни дадат енергија и ќе ни го зајакнат имунитетот. Една од најновите состојки кои ги красат чиниите на гастро блогерите е цветниот прав или bee polen.

Овошните здели и разните каши често ги засладуваме со мед. Неговото делување на организмот е добро познато и се смета за храна која навистина лекува. Вредните пчели напорно работат за да го разнесат поленот од цвет на цвет. Ако неодамна сте барале инспирација на социјалните мрежи сигурно сте ги забележале ефектните жолти зрнца поросени по површината на садот со јогурт и овошје, но за што точно станува збор?

Цветниот прав ќе го надете под името bee pollen, а хранливата вредност зависи од видот на поленот од кој е направен.

Цветниот прав, односно, поленот, има висока хранлива и енергетска вредност, а делува антибактериски и противвоспалително и го подига системот за имунитет.

Многу се зборува за антиоксидансите кои го спречуваат дејствувањето на слободните радикали и така служат како превенција од разни болести, а цветниот прав има силно антиоксидантно дејство.

Широкиот спектар на дејствување го прави исклучително популарен зашто ја регулира работата на варењето, благотворно делува на поправање на расположението, ја подобрува циркулацијата на мозокот, помага кај некои хронични заболувања и делува противвоспалително, а го регулира и нивото на холестерол во крвта.

Цветниот прав доаѓа во гранули па е лесно да се комбинира во јадењата. Ефектно ќе делува ако го поросите врз овесната каша или јогуртот со овошје. Можете да додадете неколку лажици и во вашата омилена гранола пред да ја преместите во стаклен сад. Нема да го смени ниту вкусот на вашето смути, а како дресинг на салатата ќе ви го даде оној крцкав ефект.

Ако сакате да правите дома протеински плочки и енергетски бомбици во смесата додадете цветен прав. Извонредно се сложува и во дресинг со сенф и мед кој ќе ги зачини лесните салати.

Фото: Инстаграм