Дали млечните производи се важни за здравјето на коските?

Млечните производи се најдобар извор на калциум-главниот минерал во нашите коски. Токму затоа се советува секојдневна консумација на млечни производи со цел зачувување на здравјето на коските. Без оглед на тоа, сѐ уште постојат дилеми за тоа дали на возрасните луѓе им се навистина потребни млекото и млечните производи.

0
377

Потребата за консумирање на млечни производи од еволуциска точка на гледиште и нема некој смисол. Човекот спаѓа во единствените цицачи кои консумираат млеко и како возрасни. Исто така, човекот е единствен цицач кој консумира млеко од други цицачи.

Пред да бидат припитомени многу животни, бебињата консумирале исклучиво мајчино млеко. Со оглед на тоа што внесувањето на млеко веројатно било ретко и ограничено помеѓу возрасните лица во текот на поголемиот дел од човечката еволуција, се претпоставува дека луѓето го добивале потребниот калциум од останатите извори на исхраната.

Без оглед што млечните производи се сметаат за непотребни во човековата исхрана, тоа не значи дека не можат да бидат корисни. Ова особено се однесува на луѓето кои не добиваат многу калциум од останатите извори на исхрана.

Што е остеопороза?

Остеопорозата е прогресивна болест во која коските пропаѓаат губејќи маса и минерали. Остеопорозата е многу почеста кај жените отколку кај мажите, особено после менопаузата. Остеопорозата значително го зголемува ризикот од кршење на коските, што значително може да влијае на квалитетот на животот.

Зошто е важен калциумот?

Коските имаат структурна улога, но се и главни резервоари на калциум во телото-минерал кој извршува повеќе битни функции во организмот.

Нашето тело го одржува нивото на калциум на оптимално ниво. Доколку не добиваме доволно калциум од исхраната-телото го извлекува од коските.

Мала количина калциум се излачува со урината. Доколку со исхраната не ја надокнадиме изгубената количина калциум, коските со време станва кревки и се склони кон кршење.

Истражувањата ја докажуваат ефикасноста на млечните производи

Многу студии ги испитувале ефектите на млекото и калциумот врз здравјето на коските. Повеќето покажале исти резултати- делотворност на млечните производи.

Истражувањата се работени на три старосни групи: деца, возрасни и постари луѓе.

Добиените резултати го покажуваат следното:

Деца: Млечните производи и калциумот доведуваат до зголемен раст на коските.

Возрасни: Млечните производи го намалуваат губењето на коскена маса и доведуваат до зголемена густина на коските.

Постари лица:Млечните производи ја зголемуваат густината на коските и го намалуваат ризикот од кршење.

Млекото збогатено со витамин Д се покажало уште поефикасно при јакнењето на коските. Меѓутоа, бидете внимателни со внесувањето на калциумот затоа што и овде важи правилото за претерување. Претерано внесување на калциум може да го зголеми ризикот од срцев удар.

Внесувањето на калциум преку млечни или други намирници како риба и зелен зеленчук е најдобар начин на вашите коски да им обезбедите оптимален внес на овој минерал.

Фото: Pixabey