Дали и вие готвите премногу ориз?

Не го фрлајте остатокот од ориз кој сте го зготвиле за ручек, туку направете од него вкусна вечера!

0
292

Претпоставуваме дека ние не сме единствените кои готвиме премногу ориз или тестенини, секојпат кога правиме ручек. Доколку немате домашен миленик, сигурно ви е жал кога мора да ги фрлите остатоците, но следниот пат не го правите тоа. Од остатоците од ориз можете да направите и вкусна вечера.

Состојки за 8 мали топки:

2 чаши варен и оладен ориз
50 грама пармезан
3 јајца
1 топче моцарела во 8 парчиња
1 чаша презли
масло за пржење
маринара сос (се прави од домати, кромид и зачини)

Приготвување:

Ставете голем и тежок сад на шпоретот на средна топлина и додадете добар слој на масло (ќе го користите ова за да ги испржите топчињата од ориз подоцна).
Измешајте ги со раце оризот, пармезанот и едно јајце и обликувајте 8 топчиња. Во секоја втиснете по парче моцарела, а преостанатите две јајца изматете ги во мала чинија и потопете ги топчињата од оризот, а потоа ставете ги и во презлите.
Кога маслото ќе се загрее пропржете ги топчињата.

Извадете ги и оставете ги на салфети за да се исцедат од маслото. Поросете со сол и сервирајте ги со маринара сос.