Последните децении, научните истражувања консумирањето на свинска маст, односно, на незаситени маснотии, најчесто го поврзувале со срцевите заболувања. Меѓутоа, поновите истражувања сугерираат дека незаситените масти се всушност добри за здравјето.
Британската нутриционистка Џо Траверс истакнува дека свинската маст содржи таканаречени „добри“ мононезаситени маснотии, кои претходно биле сметани за штетни. Таа смета дека овие маснотии би можеле да бидат поздрави од путерот.
„Свинската маст содржи многу мононезаситени маснотии, кои се многу здрави за срцето“, вели таа.
„Тоа се маснотии кои ни се потребни во исхраната и кои се позначајни од путерот. Затоа, нема ништо погрешно во употребата на свинската маст во исхраната“.
Чистата свинска маст не содржи транс масти, што не може да се каже за повеќето останати маснотии кои можеме да ги најдеме во продавниците. Наспроти фактот што вакви тврдења за свинската маст може се почесто да се слушнат, официјалните здравствени служби во Велика Британија, повеќе препорачуваат „поздрави“ алтернативи, пишува Индепендент.
Тие препораки главно се засниваат на исфрлање од употреба на намирниците кои содржат заситени масти и консумирање на намирници кои содржат незаситени масти, но во помали количини.
„И путерот и свинската маст содржат висок процент на маснотии. Разликата помеѓу нив е во тоа што свинската маст се состои од 50 отсто мононезаситени маснотии, кои во путерот ги има околу 32 отсто.
Значи, организмот добива нешто повеќе есенцијални маснотии од свинската маст, но ако сепак повеќе уживате во путерот – само повелете“, смета нутриционистот Рианон Ламберт.
Сепак, тој истакнува дека, кога станува збор за маснотиите, треба да се мисли на големината на порциите и на енергетската вредност на оброците.