Дали е добро од исхраната сосема да се исфрли шеќерот?

0
451

Целосното исфрлање на шеќерот од исхраната е повеќе збунувачко, отколку корисно за организмот, тврди Тара Леонг која предава исхрана и нутриционизам на Универзитетот Sunshine Coast.

Признава дека луѓето консумираат премногу слатка храна и дека просечно таквата храна сочинува 35 отсто од вкупната исхрана. Вели дека е вистина тоа дека претераното консумирање шеќери може да доведе до дебелина, дијабетес тип 2, болести на срцето, некои облици на рак… Разни диети ги поттикнуваат луѓето да избегнуваат шеќер и други засладувачи како мед и јаворов сируп, но Тара Леонг вели дека не е потребно целосно да се исфрли шеќерот од исхраната затоа што тоа веројатно нема да го подобри вашето здравје повеќе од намалувањето на внесувањето на индустриски преработена храна.

Таа смета дека таквите ограничувања ги збунуваат луѓето, а во најлош случај вдат до создавање на страв од храна или посегање по нездрава храна, пренесува Дејли Мејл.

Вели дека диетата без шеќер е рестриктивна, со листа од намирници кои се дозволени (на пример, житарки, боровинки, грејпфрут) и оние кои не се дозволени (како бел леб, банана, суво грозје). Ова резултира со тоа што луѓето кои се обидуваат да држат таква диета чувствуваат грижа на совест ако потклекнат и изедат нешто од листата на „забранети намирници“. Луѓето кои загрижени заради исхраната, се посклони кон диети, можеби поради виокот килограми или поради здравјето.

Но истражувањата покажуваат дека диетте не се делотворни во текот на долгорочен период и можат да доведат до зголемување на тежината со текот на времето. Имено, Мозокот ги интерпретира диетите и ограничувањата како глад, а тоа предизвикува складирање на маснотии „за црните денови“.  Диетата е стресна, а телото реагира на стресот со ослободување на хормонот на стрес, кортизолот кој пак резултира со масни наслаги на подрачјето на абдоменот. Исто така, загриженоста заради храната може да доведе до депресија, како и до орторексија.

Поимот на орторексија, е дефиниран во 1997.година (го дефинирал д-р Стив Бретмен). Називот доаѓа од грчкиот збор „ортос“ што во превод значи правилно, па зборот „орексија“ кој означува апетит. Кај орторексијата станува збор за патолошка усмереност кон здрава исхрана. Лицата со орторексија купуваат само во проверени продавници, многу се загрижени за тоа што го јадат, а храната која ја консумираат им станува примарна животна содржина. Сите други делови од животот стануваат помалку важни од планирањето на оброците. Орторексијата сѐ уште не е дефинирана како болест или пореметување, но „опседнатоста со здрава исхрана“ за која сме сведоци сите, преку медиумите и социјалните мрежи, влијае врз чувствителните и ризични групи, пред сѐ, на младите лица. Многу често, орторексијата ееден од првите симптоми на пореметувањата во исхраната (анорексија и булимија) и овие пореметувања можат да почнат со претерана грижа околу здравата исхрана.

Во некои делови од светот се советува исфрлање или ограничување на некои намирници кои се всушност здрави за нашиот организам, на пример, одредено овошје или млечни производи (како млеко, сирење и јогурт), под изговор дека содржат шеќери, без докази кои одат во прилог на таквата теорија. Тоа може да доведе до недостаток на одредени хранливи материи во телото.

„Шеќерот во млечните производи е природна лактоза (јагленохидрат) од кој не треба да се плашиме. Непотребното избегнување на млечните производи може да го зголеми ризикот од остеопороза, а ко не се пронајде друг извор на калциум“, објаснува Тара Леонг. Додава дека овошјето е одличен извор на влакна, есенцијални витамини и минерали, како и антиоксиданси и е заслужно за намалување на ризикот од некои болести.

„Самата логика и здрав разум (освен стручните и научни показатели) ни зборуваат дека не е добро да се исфрла цела група намирници од исхраната доколку сме здрави, односно, додека не боледуваме од некоја специфична болест. Исто така, ни диетите кои се врзуваат со одредени болести (на пример, целијакии, дијабетес) не се соодветни за лицата кои не боледуваат од тие болести. Од друга страна, во храната треба да се ужива, а умереноста и разноликоста е секогаш добра препорака за лицата на кои не им е пропишано поинаку од лекарот“, предупредуваат лекарите.

„Многу диети базирани на исфрлање на шеќерите дозволуваат внесување на алтернативи на шеќер како што е оризов слад, јаворов сируп или урми. Но тие замени содржат подеднаков број на калории како и шеќерот, а не нудат дополнителни прехранбени погодности, освен урмите кои содржат повеќе влакна“, вели нутриционистката Тара Леонг.

Додава дека навиката на јадење заменски шеќери, под изговор за диета без шеќери, може да доведе до несвесно трупање на килограми. Според неа, подобар избор е консумацијата на мноштво билки, целовити житарки, грав и мешунки. Нагласува дека е овошјето наши ријател, а не непријател. Вели дека луѓето можат слободно да јадат малку шеќер без да го загрози тоа нивното здравје. Нема ништо лошо во тоа понекогаш да изедете парче колач или по некој кекс.

„Кога јадете некое слатко кое ве весели, исклучете ја технологијата. Дајте му можност на вашиот мозок да регистрира дека дека сте го изеле и сте уживале во тоа. Така со часови подоцна нема повторно да имате желба за нешто благо“ – додава Тара Леонг.

Фото: Antonio Quagliata from Pexels