Дали би пробале виолетов или портокалов карфиол?

0
488

Она што сите нас по малку не плаши, е отскокнувањето од вообичаеното. На пример, виолетов карфиол. Заради невообичаената боја, подобро не би го ни јаделе. Иако со обликот изгледа идентично како и „нормалниот“ карфиол, неговата боја е она што по малку не плаши. Затоа што веднаш помислуваме дека е можеби генетски модифициран или обоен со некои отровни бои или нешто трето!

А како всушност настанал карфиолот во боја? Постојат виолетов, зелен и портокалов карфиол и сите тие настанале со природна мутација. Виолетовиот за својата прекрасна боја може да му заблагодари на антиоксидансот антоцијанин кој го содржи и црното вино, но и виолетовата зелка која патем, никому не му е чудна. При варењето, дел од бојата може да остане во водата, а сварениот виолетов карфиол има светло кафена боја, слаткаст е и со убав вкус. Не сме сигурно дали кај нас може да се најде семе за виолетов карфиол, но доколку најдете, можете и сами да го одгледувате.

За портокаловиот карфиол постојат податоци дека настанала околу 1970 година во Канада, исто така како производ на природни мутации, а станала нашироко позната и достапна дури после долготрајни вкрстувања. За бојата може да и заблагодари на природната мутација која направила да задржи поголема количина од бета каротенот од што е и бојата таква (бојата е поинтензивна во зависност од количината на бета каротен). Портокаловиот карфиол содржи дури 25 % повеќе витамин А од обичниот бел карфиол. Некаде го нарекуваат и „cheddar“ карфиол заради бојата која потсетува на истоименото сирење, иако, се разбира, нема таков вкус, туку е ист како и оној на белиот карфиол.

Исто така постои и зелен карфиол која бојата му ја должи на високиот процент на хлорофил. Всушност, нашиот обичен, бел карфиол е бел затоа што не е доволно изложен на сончевата светлина. Ние би сакале ваквите карфиоло во боја да ни ги разубават чиниите!

И за крај, мал совет: карфиолот никогаш немојте да го преварувате затоа што на тој начин ќе ги изгуби сите нутритивни својства, но и ќе се распадне.