Дали би пробале сладолед со лук?

За некои, овој некарактеристичен вкус е вистинско освежување во светот на десертите, додека други би сакале што побргу да заборават на овој гастро експеримент.

0
174

Ако се возите со отворен прозор низ гратчето Гилрој во северна Калифорнија, има големи шанси да почувствувате мирис на лук.

Оваа самонаречена „престолнина на лукот“ е дом на пазари, продавници и годишни фестивали посветени на оваа ароматична билка. Тука е можно да пробате голем број различни јадења со вкус на лук, но најголем хит помеѓу туристите во последниве години е сладоледот со лук!

Иако сите сакаат да го пробаат, мислењата за неговиот вкус радикално се разликуваат. За некои, овој некарактеристичен вкус е вистинско освежување во светот на десертите, додека други би сакале што побргу да заборават на овој гастро експеримент.

Еден муштерија вака ја опишал својата прва средба со овој сладолед: „На почеток прво почувствував вкус на обична ванила, но набрзо се појави вкус на лук, кој стануваше се посилен како што сладоледот се топеше во мојата уста“.

Љубителите на лук знаат дека неговиот богат и до некаде слаткаст вкус може да биде неподолив, но она што никој не го сака е непријатниот здив кој го имаме по консумацијата на оваа намирница. За жал, и сладоледот со лук има иста нуспојава.

Од друга страна, општо познато е дека лукот е многу здрав за човечкиот организам па ако веќе треба да го консумираме зошто да не и во сладолед?

Дали вие би сакале да го пробате?