Кога станува збор за дилемите околу газираната вода има различни ставови. На пример, некои предупредуваат дека редовното и прекумерно консумирање на ваква вода може да предизвика проблеми со бубрезите, да го влоши високиот крвен притисок и да го зголеми ризикот од мозочен и срцев удар.
Генерално, киселата вода се препорачува како здрава алтернатива за газираните напитоци полни со шеќери.
За разлика од нив, минералната вода не дебелее затоа што нема калориска вредност. Но ова се однесува само на обичните минерални води, а не и на оние со вкусови.
Симболите на етикетите на шишињата со газирана вода (Na, Ca, K, Mg, F) се однесуваат на содржината на минерали во таа вода, а зависно од концентрацијата на минерали, природните минерални води се делат на бикарбонатни, сулфатни, хлоридни, калциумови, магнезиумови.
Затоа природните минерални води можат да бидат дополнителен извор на минерали во секојдневната исхрана, во диететските терапии и во физиолошките состојби кога постои зголемена потреба за минерали или пак тие се губат во поголеми количини. Ако на декларацијата пишува „газирана минерална вода“, значи дека е додаден CO2 кој не потекнува од истиот извоор како и водата. Стручњаците потсетуваат дека таканаречените кисели води не треба да ги консумирате во големи количини, како ни високоминералните води, затоа што негативно влијаат врз работата на бубрезите. Газираните минерални води, особено оние со висока содржина на јаглен-диокид, не се препорачливи за секојдневна употреба.
Газираните води со висока содржина на натриум не се препорачуваат на оние кои имаат проблеми со висок крвен притисок. Се репорачува употреба на минерални води со што помала содржина на натриум, односно, во водата не би требало да има повеќе од 150 mg/L. Калиумот му е потребен на организмот, но неговиот вишок влијае на функцијата на бубрезите и затоа за секојдневна употреба не треба да се користи вода која има повеќе од 12mg/L. Магнезиумот од водата се апсорбира околу 30 отсто подобро и побрзо отколку магнезиумот од храната. Пожелно е нивото на магнезиумот во водата да биде барем 30 mg/L. Магнезиумот е важен елемент за правилно функционирање на кардиоваскуларниот и нервниот систем. Нормалните вредности на PH на водата се движат од 6 do 8, а ако имаат додаден јаглен-диоксид, неговото ниво се симнува и до 4,5. Газираните минерални води, особено оние со висока содржина на јаглен-диоксид, ја намалуваат pH вредноста, односно ја зголемуваат киселоста на ткивото и крвта.
Истражувањето од 2002. објавено во „European Journal of Gastroenterology and Hepatology“, го испитувало влијанието на газираната вода врз варењето на храната. Откриено е дека газираната водазначајно ги намалува пречките во варењето и им помага на оние кои страдаат од хроничен запек.
Докторите од Клиниката Мејо велат дека газираната вода е еднакво здрава како и обичната, а единствено што е важно е во текот на денот да се испие доволна количина вода за да се задоволат потребите за хидратација.
Фото: Pixabey