Состојки:
300 г брокула
1 кромид
Сол, црн пипер, буковка
Путер
Приготвување:
- Сварете ги брокулата и кромидот, а потоа оставете ги да се оладат и испасирајте ги во блендер.
- Вратете ги во тенџере и додадете од водата во која се вареле додека не се добие саканата густина. Зачинете и ставете малку путер.
- Можете да ја јадете со лимон, со павлака или со лут буковец. Ние ја одбравме последната комбинација и додадовме малку свеж зелен и црвен босилек.