Истражувањето во кое учествувале 30 возрасни лица со три фактори на ризик од развој на кардиоваскуларни болести. Стануа збор за пушачи, лица со вишок килограми или лица си кардиоваскуларни болести во семејството покажало дека црното чоколадо со додаток на 10 отсто екстра девствено маслиново масло може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести.
Во текот на истражувањето испитаниците консумирале по 40 грама темно чоколадо збогатено со 10 отсто маслиново масло или со 2,5 отсто суво јаболко, во текот на 28 дена. Научниците потоа ги споредиле наодите на урината, крвта, индексот на телесна маса и крвниот притисок.
Откриле дека чоколадото збогатено со маслиново масло е делотворно во намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни болести. Имено, лицата кои го консумирале ова чоколадо имале намалено ниво на „добар“ холестерол и умерено намален крвен притисок во однос на наодите пред консумирањето на чоколадо.
Исто така, во однос на групата која консумирала чоколадо со суво јаболко, кај групата со маслиново масло е воочено значително зголемување на бројот на ЕПЦ клетки кои се сметаат за фактор за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести.
Научниците во истражувањето користеле додаток од само 10 отсто екстра девствено маслиново масло па затоа бараат натамошни истражувања во кој ќе користат повисок или понизок процент кој би можел да ги измени резултатите или дури и да ги поправи.