Чоколадни топчиња со ореви

0
1261

Состојки:
За колачињата:
2 шолји шеќер
2 шолји сенаменско брашно
1/2 лажичка сол
1 шолја путер
3/4 шолја вода
5 лажици какао
1/2 шолја павлака
2 јајца
1 лажичка сода бикарбона

За преливот:
6 лажици млеко
1/2 шолја путер
5 лажици какао
450 гр шеќер во прав
1 лажичка ванила
1 шолја ореви, сечкани

Приготвување:
1. Подгответе калап за мини мафини. Загрејте ја рерната на 180 степени.

2. Измешајте ги сувите состојки во голем сад. Водата, какаото и путерот ставете ги во голем сад и оставете ги да зовријат. Тргнете го садот на страна и во него додадете ги сувите состојки и лесно измешајте ги заедно. Додајте млеко и јајца. Добро изматете.

3. Со мала лажичка ставајте по едно топче од тестото во секоја чашка за мафини. Печете ги колачињата 10-12 минути или додека омекнат. Оставете ги да се оладат.

4. За преливот: Во среден сад загрејте млеко, путер и какао се додека не почнат да се прават меури, додадете ги шеќерот и ванилата, и мешајте додека добиете мазна смеса. Додајте ги оревите и измешајте. Потоа внимателно истурете по една лажичка од преливот врз секое топче и дозволете му да убаво да се залепи. Ако можете да одолеете! Уживајте!