Чоколадни празнични кифлици

0
531

За време на празниците традиционално се прават ванилици, но за промена можете да испробате нешто слично, но сепак поинакво.

Состојки:

220 г брашно

30 г какао

100 г шеќер во прав

120 г путер

2 жолчки

2 лажици млеко

½ лажичка цимет

Рендана кора од 1 портокал

5 капки арома од портокал

100 г бело чоколадо (за украсување)

Приготвување:

  1. Од наведените состојки замесете тесто, завиткајте го со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер на 1 час.
  2. Разладеното тесто поделете го на 4 еднакви делови па секој дел обликувајте во форма на валјак.
  3. Валјакот исечете го на парчиња долги 6-7 цм. Секое парче од тестото само кратко обликувајте го помеѓу дланките, истенчете ги врвовите и обликувајте кифлички.
  4. Наредете ги на голема тепсија за печење прекриена со хартија за печење и печете ги 5-7 минути на температура од 180°C.
  5. Кифличките оладете ги, а потоа украсете ги по желба. Дел од кифличките натопете, а дел прошарајте со стопено бело чоколадо.
  6. Пред да се стврдне чоколадото, поросете ги кифличките со сечкани лешници.