Состојки:
За тестото:
4 јајца
2 филџани брашно
1 филџан шеќер
1 ванилин шеќер
2 филџани масло за јадење
1 филџан млеко
2 филџани мелени ореви
1 прашок за пециво
За филот:
200 мл млеко
200 г црно чоколадо
1 шлаг за украсување
Приготвување:
- Јајцата и шеќерот се матат. Се додаваат и останатите состојки.
- Изматената смеса се истура во подмачкан и набрашнет плех. Се пече на 220°С околу 25 минути. Откако ќе се олади од добиениот пандишпан со чаша се вадат парчиња во кружна форма, а тестото помеѓу нив се собира и се ситни со рака.
- Млекото, шеќерот и чоколадите се варат додека смесата не се изедначи. Во неа се додава иситнетото тесто и се филуваат тортичките. 4. Се украсуваат со шлаг.