Чоколадни чашки

0
1094

Кога сме кај стимулативните десерти ништо не може да го победи чоколадото. Студиите покажуваат дека луѓето повеќе уживаат во чувството кога темно чоколадо им се топи в уста, отколку кога се бакнуваат. Причината за тоа е фенилтиламинот, „хемикалијата на љубовта“ која што ослободува ендорфини кои прават да се чувствуваме добро. За најдобри резултати, научниците советуваат да консумираме чоколадо со што повеќе какао во составот, по можност над 70 отсто.

Состојки:

(за 6 порции)
1 јајце
1 жолчка
2 лажици шеќер
180 мл млеко со ниска масленост
60 г темно чоколадо на парченца
¼ лажичка екстракт од ванила
¼ лажичка мелено индиско оревче
прстофат сол
шлаг за декорација

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 150 степени и поставете шест чашки за печење во тава.

2. Изматете ги јајцата, жолчката и шеќерот во голем сад.

3. Сварете го до точка на вриење млекото, тргнете го од оган и додајте го чоколадото. Вратете го млекото со чоколадото на рингла и мешајте околу една минута додека чоколадото се стопи.

4. Изматете половина шолја од чоколадната смеса во смесата со јајца и промешајте. Додајте ги ванилата, индиското оревче и солта.

5. Истурете од смесата во секоја чашка за печење. Ставете ја тавата во рерна и наполнете ја до половина со зовриена вода. Печете околу половина час, па тргнете ги чашките од водата, изладете ги па ставете ги во замрзнувач. Послужете ги декорирани со шлаг и мелено индиско оревче, по желба.