Состојки:
За тестото:
3 дцл темно пиво
250 г брашно
100 г какао
330 д кафеав шеќер
2 јајца
1 прашок за пециво
250 г путер
1 лажичка екстракт од ванила
Сол
За преливот:
2 шолји вода
30 г путер
80 мл ирско виски
200 г шеќер
120 мл павлака за готвење
Приготвување:
- Поросете ја тепсијата за печење со брашно и загрејте ја рерната на 180 степени.
- Во еден сад измешајте ги брашното, пецивото, малку сол и какао, а во друг сад изматете ги со миксер путерот и шеќерот, па додадете ги јајцата и екстрактот од ванила и соединете ги двете смеси.
- Ставете ја смесата во тепсија и печете околу 50 минути.
- Во меѓувреме, на тивок оган ставете тенџере и во него ставете го шеќерот и две шолји вода и мешајте додека не добие темно кафена боја. Потоа ставете го вискито и запалете го. Кога пламенот ќе исчезне, додадете ги путерот и павлаката и ставете во чинија.
- Прелијте го изладениот колач и уживајте.