Чоколадна торта од само две состојки (ВИДЕО)

Овој чоколаден колач е вистински хит на интернет, а за да го подготвите ви требаат само 3 јајца и 165 грама чоколадо.

0
434

Ако сакате колач, а немате време или пак волја да ги правите со часови, ова е одличен рецепт за вас.

Ви требаат:

3 јајца

165 грама чоколадо

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Одвојте ги жолчките од белките и ставете ги белките во фрижидер.

Искршете го чоколадото и стопете го на пареа. Кога ќе се подизлади, измешајте го и додадате ги жолчките.

Извадете ги белките од фрижидерот и изматете ги со миксер во цврст снег.

Во смесата од чоколадо и жолчки додадете третина од снегот од белки. Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите белки.

Добиената смеса излијте ја во мал калап за торта (15 цм) и печете околу 30-40 минути на 170 степени. Колачот оладете го и послужете.

Ако сакате да го засилите вкусот, додадете малку рум, коњак или чоколаден ликер.