Чоколадна салама

Решивме да ве потсетиме на овој едноставен, но многу вкусен десерт

0
1198

Изненадувачки, но од наједноставните состојки многу често се прават и највкусните јадења. Нашите мајки и баби се служеа со ова правило и често ни ја подготвуваа на сите познатата чоколадна салама.

Состојки:

600 г кекси
3 лажици какао
150 мл млеко
200 г путер
5 лажици шеќер

Приготвување:

Смелете ги кексите на покрупни трошки.
На тивок оган стоплете ги млекото, путерот, какаото и шеќерот и почекајте шеќерот да се стопи, а смесата да стане хомогена, но не да зоврие.
Додадете ги кексите во течната смеса додека не добиете густа маса.
Од добиеното тесто направете три „салами“ и завиткајте ги во проѕирна фолија па ставете ги во замрзнувач на околу 3 часа. Кога ќе се стегне, може да ја сечете на кришки и да ја послужите со кафе, чај или со чаша вино.