Состојки:
200 г мелени кекси
50 г путер
50 г лешници
Кора од лимон
200 г јагоди
250 мл павлака
1 лажица шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
Приготвување:
1. Пропржете ги лешниците, додадете го путерот, мешајте додека не се растопи и додадете ги мелените кекси и малку кора од лимон.
2. Земете 4 чаши од 2 дл и во секоја ставете подлога од кекси и притиснете ја со лажица на дното. Во павлаката додадете го шеќерот во прав и ванилата. Јагодите исечкајте ги на парченца.
3. На подлогата од кекси ставете ги јаготките и се прелијте со павлака.