Чипсот од тиквички е поздрава верзија од вообичаениот чипс затоа што тиквичките се полни со витамин Ц и со манган. Затоа вооружете се со тиквички и направете си го на едноставен и лесен начин овој хранлив чипс.
Состојки:
2 тиквички
2 лажици маслиново масло
1 лажичка сол
Зачини (црвен пипер, куркума, црн пипер и лук)
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 110°C, a тиквичките исечете ги на тенки тркалца и наредете ги врз хартија за печење. Премачкајте ги со маслиново масло и зачинете ги.
- Печете ги 40-45 минути, извадете ги од рерна и оставете ги сосема да се оладат пред да ги послужите.