Чичоки: Заборавен, а одличен борец против рак, шеќер, притисок,…

Чичоки, трупки, рокчиња, или како што уште се викаат-диви компири или ерусалемски артичоки, се нешто што ние како деца многу го јадевме. На пример, наместо јаболко. Денешните деца веројатно и не знаат што е тоа

0
676

Чичоките се најефтината здрава намирница која сѐ уште може да се најде по пазарите. Познати се и како диви компири или ерусалемски артичоки и заради јадливиот корен денеска се култивираат ширум светот.

Кај нас растат и диви, до три метри височина, цвета со жолти цветови и се неверојатно здрави. За разлика од компирите не содржат скроб па се предвидува дека заради сѐ поголемиот број на луѓе со зголемена телесна тежина и дијабетичари, во иднина ќе стане замена за компирите.

Помага кај висок крвен притисок, покачено ниво на маснотии во крвта, кардиоваскуларни заболувања, анемија, остеопороза, посебно дијабетес и дебелина, а придонесува и за нивна превенција.

Кога се консумираат сирови, се одлични за чистење на организмот од токсини. Тие се познати и како афродизијак, го јакнат либидото, потенцијата и плодноста. Корисни се и во превенцијата и лекувањето на алергиите.

Ја намалува концентрацијата на канцерогени ензими па нивната улога е посебно значајна во превенција и лекување на малигните болести на цревата.

Она што е важно за дијабетичарите е дека со нивното разградување не доаѓа до пораст на нивото на шеќер во крвта (гликемиски индекс: 0).

Имаат висока содржина витамини (B-група, C, D, провитамин A – бета каротен) и минерали (калиум, фосфор, калциум, магнезиум, железо).

Исто така, чичоките се извор на есенцијални аминокиселини.

Фото: Pixabey