Четири детокс напитоци

Овие едноставни напитоци го олеснуваат функционирањето на црниот дроб, им помагаат на органите за варење, додека истовремено му обезбедуваат на организмот изобилство од хранливи материи.

0
364

Детокс напитоците му помагаат на организмот да ги елиминира токсините, го олеснуваат варењето, придонесуваат за подобар имунитет, а покрај тоа, ги поттикнуваат процесите кои водат кон нормализација на телесната тежина.

Цитрусен зелен чај

Состојки:

½ шолја ладен зелен чај

1 банана

Пола лимон

Приготвување:

Излупете ги бананата и лимонот и ставете ги во блендер, смелете ги и помешајте ги со зелениот чај.

Испијте го веднаш за да ја поттикнете работата на црниот дроб. Зелениот чај има многу антиоксиданси и состојка која брзо ја поттикнува елиминацијата на ензимите и помага токсините да се преобразат во растворлив облик, за да можат лесно да се исфрлат од телото.

Златен чистач на црниот дроб

Состојки:

½ лажичка куркума

Парче свеж ѓумбир

Лимон

½ шолја вода

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во блендер, измешајте и испијте.

Овој напиток го спречува создавањето камчиња во жолчката и ефикасно го детоксицира црниот дроб.

Куркуминот, состојката на куркумата, го опоравува црниот дроб и ги санира дигестивните пореметувања.

Исто така, помага да се ублажат воспаленијата со низок интензитет.

Детокс смути со боровинки

Состојки:

½ шолја боровинки

¼ шолја сок од брусници

1 банана

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки во хомогена смеса.
Боровинките се полни со фитонутриенти наречени проантоцијанини, кои ефикасно и брзо го детоксицираат телото.

Тие исто така имаат антибиотски и антивирусни својства, што му помага на телото да ги спречи инфекциите и воспаленијата.

Чудесна манго-ѓумбир лимунада

Состојки:

½ манго

Лимон

Парче свеж ѓумбир

Лажичка сируп од агава

Приготвување:

Ставете ги состојките во блендер и смелете ги за да добиете хомогена смеса.

Ѓумбирот е еден од најпопуларните зачини, а истовремено има и исклучително  поволно дејство на здравјето.

Му помага на црниот дроб да ги исфрли штетните токсини. Особено придонесува да се намали количината на маснотии во црниот дроб.