Бананата е едно од најпопуларните овошја кои ни даваат енергија, но можеби не сте слушнале досега дека има неколку заболувања кај кои може да ви помогне чај од банана
Чајот од банана е совршен извор на калиум и махнезиум, односно, минерали кои се важни за здравјето на срцето и за квалитетен сон. Исто така, содржи и витамин Б6 кој го јакне имунитетот и позитивно влијае на црвените крвни зрнца.
Чајот од банана содржи антиоксиданси кои успешно се борат против слободните радикали и го намалуваат ризикот од срцеви болести, а богат е и со витамин Ц.
Истражувањата докажуваат дека поради присуството на калиум чајот од банана го спречува натекувањето на стомакот, а совршената комбинација на магнезиум и калиум помага кај несоница. Студиите покажуваат дека чајот од банана го регулира и нивото на шеќер во крвта и позитивно влијае на здравјето на срцето.
Чајот се приготвува такашто во 500 до 750 мл зовриена вода ќе ставите една излупена и исечкана банана.
Намалете ја температурата и оставете да врие уште 5 до 10 минути.
Додадете цимет или мед (по желба). Исцедете го чајот и уживајте во неговите благодети.
Фото: Pexels