Овие колачи се прават брзо, а уште побрзо се печат и потребни се само 10 минути за да се испечат, а на листата на состојки нема ништо што ќе ве изненади или што ќе ви биде проблем да го набавите.
Состојки:
250 г брашно
100 г какао
1 лажичка сол
Лажичка сода
200 г путер
100 г шеќер во прав
100 г кафеав шеќер
2 јајца
1 лажичка екстракт од ванила
100 г црно чоколадо
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 200 степени.
- Помешајте ги брашното, какаото, солта и содата.
- Измешајте 200 г омекнат путер со шеќер во прав и кафеав шеќер. Додадете ги јајцата, а потоа и ванилата и помешајте ја смесата со сувите состојки.
- Земајте од тестото со лажица и притиснете го со дланката. Во секое ставете коцка црно чоколадо и завиткајте.
- Печете ги 5-8 минути, оставете ги да отстојат малку во тепсијата и послужете.