Брза пита од тиквички

Искористете ги додека сѐ уште ги има и направете си убав појадок, вечера или закуска

0
1557

Има безброј јадења со тиквички, но еве уште еден рецепт за најобична брза пита од тиквички која можете да ја послужите за појадок, за вечера, но и како засебен оброк.

Состојки:

1 поголема тиквичка

500 мл јогурт

4 јајца

3 лажици обично брашно

2 лажици пченкарно брашно

½ прашок за пециво

1 чешне лук

Сол и црн пипер

10 г путер за подмачкување на тепсијата за печење

Зачински билки по вкус

Приготвување:

Исечкајте ги тиквичките на коцкички, посолете ги и оставете го 10 минути. Вклучете ја рерната на 200 степени.

Ставете во сад 4 јајца и изматете ги, па додадете јогурт и црн пипер, исечкан лук и зачински билки по ваша желба и сѐ убаво измешајте.

Со постојано мешање додавајте ги двете брашна и прашокот за пециво и внимавајте да не ви останат грутчиња.

Тиквичките додадете ги на крајот и ставете ја смесата во подмачкана тепсија..

Печете околу 25-30 минути, додека не добие златна боја.

Оваа пита е вкусна и кога е ладна, па можете да направите и поголема количина и да ја ставите во фрижидер.