Состојки:
1½ лажица, зеленчукова бујон паста
1½ лажица ферментирана паста од соја (мисо)
1/2 лажичка чили во прав
1/2 лажичка лук во прав
1½ лажичка рендан ѓумбир
¾ шолја рендани моркови
¾ шолја сечкани печурки
1½ шолја сечкан спанаќ
3 тврдо варени јајца (преполовени)
1½ шолја нудли
3 лажици сечкан млад кромид
¾ лажичка сусам
3 шолји врела вода поделени на три дози
Приготвување:
- Најдете три стаклени тегли од литро ипол и ставете во секоја по пола лажичка бујон паста, мисо, чили и лук во прав и пола лажичка ѓумбир. Распоредете ги во слоеви морковите, печурките, спанаќот, јајцата и нудлите. На крајот ставете ги кромитчето и сусамот.
- За да се направи една тегла на тестенини, додадете 1 чаша врела вода за една тегла. Затворете ја теглата и промешајте па ставете во микробранова печка на 2-3 минути. Оставете да отстои 5 минути. Пред јадење, измешајте.
- Останатите две тегки можете да ги чувте подготвени во фрижидер.