Состојки:
12 тенки ленти сланина
2 црвени компири, исечени на тркалца
1 црвена пиперка, ситно сечкана
12 големи јајца
2 лажици сечкани свеж власец, магдонос или копар
Топол сос од домати за сервирање
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Завиткајте по 1 парче сланина во внатрешноста на чашките од калапите за мафини. Ставете 1 парче компир на дното од секоја чаша и поделете ги парчињата од пиперката за да имате за секоја чаша.
Се пече додека сланината не добие светло-кафеава боја на горните рабови (од 10 до 12 минути).
Извадете го калапот од рерната и скршете по едно јајце во секоја чаша, внимавајќи жолчката да е внатре, во прстенот од сланина. Продолжете со печење додека не се запечат жолчките.
Извадете ги внимателно од калапите и поросете со свеж власец, ситно сечкан магдонос или копар. Ако сакате, послужете ги со топол сос од домати иако се убави и вкусни и сами за себе.