Леќата се користи од дамнина во исхраната и сите знаеме за нејзините здрави својства. За болоњезе сос можете да користите кафеава или зелена леќа.
Оброкот е кралски.
Состојки:
1 шолја леќа
1 кромид
2-3 чешниња лук
1 морков
1 корен магдонос
¼ корен целер
Пола модар патлиџан
¼ тиквичка
4-5 ореви
300 грама сос од домати (или свежи домати излупени и исечкани на коцки)
150 мл вода
Ловоров лист
Црн пипер и сол
Маслиново масло
Неколку ливчиња босилек
1 лажичка оригано
Шпагети
Приготвување:
Исплакнете ја леќата и ставете ја во вода со малку сол. Варете околу 20-30 минути, па исцедете ја.
Морковите и целерот изрендајте ги, а тиквичката и модриот патличан исечете ги на мали коцкички.
Исечкајте ги и лукот и кромидот и пропржете ги на маслиново масло, па додадете ги морковот и целерот, а по 2-3 минути и патлиџанот и тиквицата.
Додадете ја и леќата, па сосот од домати или пак свежи домати излупени и исечкани на ситни коцки.
Додадете ја водата, ловоровиот лист и ориганото и варете на тивко 20 минути. Зачинете и додадете го ситно сечканиот магдонос.
Сварете ги шпагетите, прелијте ги со сосот и додадете свежи листови босилек.