Бидете внимателни! 5 плодови со скриени отровни делови

Р’кулците од компири содржат отровна состојка, а истата ја има и во листовите од доматите.

0
1561

Да се јаде зеленчукот од коренот до врвот е одличен начин да се намали отпадот. Но треба да се знае дека некои намирници не е пожелно да се консумираат на таков начин.

Р’кулци од компири

Некои делови од компирите не се јадливи. Токсичната материја соланин најмногу се наоѓа во никулците и стебленцата од компирот заради што овие делови треба да се отстранат пред да почнете термички да ги обработувате компирите. Исто така, доста соланин има и во зелениот компир, па избегнувајте да ги јадете оние плодови кои под кората имаат зеленкаста нијанса.

Листови од домати

Европјаните стравувале од доматите со стотици години, а почнале да ја јадат оваа намирница дури во 18.век. Една од причините се крие и во лисјата од доматите кои содржат токсични материи соланин и томатин, а кои можат да предизвикаат проблеми со желудникот ако се консумираат. Во поголеми количини лисјата од домати можат да имаат фатални последици.

Семки од јаболка 

Семкитеод јаболка содржат мали количини амигдалин, материја која во контакт со ензимите за варење се претвара во цијанид. Јаката обвивка на семките од јаболка спречува отровот да се испушти во организмот, но затоа е исклучително важно да не се грицкаат семките од јаболкото пред да се голтнат. Од семките на едно јаболко нема да ви биде ништо, проблем се големите количини, но ако сте во дилема, секогаш е подобро овие делови од јаболкото да не се јадат.

Лисја од рабарбара

Стебленцата од рабарбара во комбинација со слатките јагоди се одлична комбинација за летене десерт. Но консумирањето на лисјата од оваа билка може да ве одведе до брза помош. Лисјата од рабарбара содржат оксална кислеина и антрахинонски гликозиди кои имаат дејство на отров врз човековиот организам кога ќе се сварат. Симптомите зависат од количината, а можат да варираат од болка во желудникот и повраќање до посериозни напади.

Лисјата и цвеќето од модрите домати

Модрите домати се уште една намирница со која треба да се биде внимателен. Лисјата и цвеќето на овој вкуден плод содржат соланин, кој е отровен па треба да се избегнува уживањето во овие делови од доматите.