Безглутенски мафини со хељда и зеленчук

0
1134

Состојки:

1 шолја брашно од хељда

1/3 шолја пченкарно брашно

Лажичка прашок за пециво

3 лажици мелен лен

1 лажичка сол

Црн пипер

½ лажичка мускатно оревче

3 јајца

1 шолја јогурт

Сок и рендана кора од пола лимон

3 лажици кисела павлака

100 г сирење

200 г сечкан спанаќ или блитва

рендани моркови

рендан кромид

За поросување:

Семки од тиква

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Подгответе го зеленчукот такашто ќе ги излупите и изрендате морковите и кромидот. Спанаќот (или блитвата) поросете го со солта и оставете го да отстои додека ги подготвите сите состојки. Потоа добро исцедете го и исечкајте го и на минута ставете го во зовриена вода, колку да омекне. Исцедете го и исечкајте го.
  3. Измешајте ги сите суви состојки.
  4. Во голема чинија во која потоа ќе ги споите сите состојки, измешајте ги јајцата, јогуртот, павлаката, а потоа и ренданата кора и сок од пола лимон.
  5. Додадете ги сирењето, морковите, кромидот и спанаќот (или блитва), убаво измешајте, а потоа додадете ги и сувите состојки.
  6. Наполнете ги со оваа смеса модлите за мафини и поросете со семки од тиква.
  7. Печете во загреана рерна околу 20-25 минути.