Ако е кафеав, дали е тогаш и поздрав? За разлика од брашното и оризот, за шеќерот тоа не важи. Иако е понекогаш многу скап, кафеавиот шеќер не треба да се смета за поздрава алтернатива.
Количината на калории и јаглени хидрати во кафеавиот шеќер е нешто помала од онаа во белиот шеќер, о и кафеавиот сѐ уште може да има значајно влијание на нивото на глукоза во крвта. Ако го консумирате во големи количини, може да доведе до пораст на шеќерот во крвта или до хипергликемија.
Зошто има кафеава боја?
Кафеавиот шеќер се должи на мелсата која останува, односно, која се додава во текот на обработката. Во најдобар случај, кафеавиот шеќер е само делумно рафиниран, а често и еднакво како и кристалниот бел шеќер. Меѓутоа, меласата му дава единствен вкус и својства за готвење. Меласата е густ, сладок темнокафеав или темнозелен сок кој е нуспроизвод, односно, остатокот по кристализацијата во постапката на производство на шеќер од шеќерната репа или шеќерната трска.
Што содржи?
Заради додадената меласа, кафеавиот шеќер има нешто поголема содржина на влага од белиот кристален шеќер. Присутноста на влага му дава единствена текстура, но влагата не го намалува бројот на калории. Една лажица кафеав шеќер исто така содржи околу 60 калории и 15 грама јаглени хидрати, во суштина исто како и кристалниот шеќер.
Вообичаени замки
Како и кај било кое внесување на јаглени хидрати, внесувањето на кафеавиот шеќер треба внимателно да се одмери. Лесно е да се внесе премногу кафеав шеќер, особено кога го додавате во други намирници. На пример, ако за појадок изедете шолја варен овес, тоа се 30 грама јаглени хидрати. Со додавање на две лажички кафеав шеќер ќе ја дуплирате количината на јаглени хидрати на неверојатни 60 грама.
Хранливи материи
Научните резултати не ја поддржуваат идејата дека кафеавиот шеќер е битно похранлив од белиот. Иако меласата содржи некои минерали и елементи во трагови, количината на меласа која се додава во кафеавиот шеќер не е толку голема за да донесе голема прехранбена корист. Значи, и кај консумирањето кафеав шеќер треба да се внимава на количината.
Фото: Pixabay