Bегетаријанска есенска витаминска салата

0
834

Состојки:

2 цвекла
Маслиново масло
100 г кафеав шеќер
50 г половинки од орев
1/2 лажичка морска сол
Листови свеж спанаќ по желба
80 г козјо сирење
60 ml маслиново масло
1 лажица вински оцет

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200° C. Исечете ги цвеклата на кришки и ставете ги да се печат 45 минути па оставете ги да се оладат.
Во меѓувреме, поставете го садот за печење со хартија за печење. Намачкајте ги оревите со маслиново масло и поросете ги со шеќер, па ставете ги во рерна да се потпечат, а шеќерот да се карамелизира.
Оставете ги настрана да се подизладат.
Измијте го спанаќот и помешајте го со цвеклото. Зачинете со сол. масло и оцет, додадете го сирењето и оревите и послужете.