Банани за појадок, ручек и вечера?

Здравствените придобивки од бананите се добро познати, но доколку ги прочитате овие факти, веројатно ќе почнете да ги јадете три пати на ден

0
1062

Бананите се најсаканото овошје кое го консумираме како меѓуоброк, десерт, во разни комбинации со мусли или корн флекс и слично.

Иако сите знаеме колку се добри за нашето здравје, веројатно откако ќе ги прочитате овие факти за нив, ќе сакате да ги јадете во секој период од денот, како појадок, ручек и вечера.

За кардиоваскуларното здравје

Ако јадете банани три пати дневно, вашето срце ќе ви биде благодарно. Во нивниот состав можете да ги најдете сите хранливи материи кои се клучни за вашиот организам, како калиум, витамин Б6, влакна и витамин Ц.

За намалување на крвниот притисок

Бидејќи се богати со калиум, имаат благотворно влијание на крвниот притисок. .

Против анемија

Јадете банани после секој оброк и ќе забележите дека ви се кренало нивото на енергија. Тие се добар извор на железо кое е клучно во борбата против анемијата.

Превенираат карцином

Ова супер овошје помага и во превенцијата на карциномот заради големата количина витамин Ц во својот состав, кој е познат по тоа што ги отстранува од телото слободните радикали кои предизвикуваат рак.

Го забавуваат старењето

Бананите ќе ви помогнат за помладолик изглед и позатегната кожа, затоа што го поттикнуваат производството на колаген во вашето тело.