Банани со мед и со цимет

0
430

Состојки:

1 банана

1 лажица мед

Малку цимет

Маслиново масло

1 лажица сок од лимон

 Приготвување

  1. Намрсете ја малку тавата и на средна температура пржете ги бананите исечени на плочки околу 1-2 минути од двете страни.
  2. За тоа време подгответе ја глазурата од мед и една лажица сок од лимон.
  3. Бананите извадете ги од тавата, префрлете ги на чинија и додека се уште топли прелијте ги со сосот од мед.
  4. Оладете и поросете со цимет.