Баклава од 515 кг помеѓу најгледаните снимки на Ројтерс за 2018

Нашиот Шеф Бобан Симоновски се подготвува годинава да влезе во Гинис со огромната количина полжави кои планира да ги зготви. Му посакуваме да успее во својата намера и следната година видеото од неговиот подвиг да биде помеѓу најгледаните снимки.

0
404

Доказ во вид на снимка дека турските слаткари ја направиле најголемата баклава на светот е еден од најгледаните видео-материјали на „Ројтерс“ во изминатите 12 месеци.

Баклавата од 515 килограми, која е Гинисова рекордерка, настанала на Третиот меѓународен саем за туризам и гастрономија во Турција.

Нашиот Шеф Бобан Симоновски кој, меѓудругото, е познат по својата рибја чорба која ја подготвувал на еден кулинарски натпревар во Ниш и тоа во количина доволна за цел Ниш, со ресторанот „Еквилибриум“ кадешто е шеф на кујна, се подготвува да влезе во Гинис со огромната количина полжави кои планира да ги зготви.

Му посакуваме да успее во својата намера и следната година видеото од неговиот подвиг да биде помеѓу најгледаните снимки.

Фотографијата е преземена од ТУКА.