Аспарагус со поширани јајца

0
729

Состојки:
4 лажици маслиново масло
13 парчиња багет
1 чешне лук, пресечен
625 г аспарагус
2 лажици бел вински оцет
1 лажичка сол
1 лажица власец

Приготвување:
1. Ставете 2 лажици масло врз хартија за печење. Наредете го багетот и притиснете го врз маслото. Печете 8-10 минути на 200 степени. Истријте ги лепчињата со лукот.

2. Зовријте вода со сол, додадете го аспарагусот и варете го 3-5 минути. Исцедете го и чувајте го топол.

3. Ставете две четвртини вода, оцет и сол во лонец. Скршете 1 јајце и ставете го во лонецот. Повторете и со останатите јајца. Поширајте ги јајцата 3 минути.

4. Поделете го аспарагусот во 4 чинии, врз секое ставете по 1 поширано јајце. Наросете со 2 лажици масло, сол и пипер, власец и потпечен багет.