Актерот Гораст Цветковски го водеше тридневното шоу по повод 20-годишниот јубилеј на компанијата Веро во Македонија и ги забавуваше присутните со своите „бисерчиња„. На пример, дека многу сака да јаде свински, пилешки, а особено рибешки ребра, како и „традиционална“ македонска салата со авокадо.
Во рамките на шоуто кое се одржуваше од 6. до 8. октомври шест познати личности готвеа зададени рецепти кои ги оценуваше стручно жири. Пред да почнат со готвење, учесниците имаа 15 минути за да ги испазарат потребните намирници.
Шоуто се одржа во Веро центар, и тоа од петок попладне (06.10.2017) кога готвеа актерката Весна Петрушевска и Петар Младеновски од Суперхикс, сабота (07.10.2017) кога готвеа водителката Лила Стојановска и Жаре Бербер и недела (08.10.2017) кога своите кулинарски вештини си ги одмерија актерката Тања Кочовска и пејачот Ѓоко Танески. Стручното жири го сочинуваа готвачи од „Барбакан“, „Пелистер“ и „Томче Софка“.
Како подобри готвачи се покажаа актерките Весна и Тања кои ги победија своите противници, а од мажите, излезе дека најдобар готвач е Жаре бербер која ја победи водителката Лила Стојановска.