Ако страдате од мигрени, проверете дали имате доволно магнезиум

Пониското ниво на магнезиум се поврзува и со поголеми воспалителни процеси во телото, а со самото тоа и со срцеви заболувања и рак.

0
444

Според извештајот на Националниот институт за здравје, овој минерал е вклучен во 300 телесни процеси, вклучувајќи и билдање на мускулите, контрола на шеќер во крвта, функцијата на нервите и мускулите и регулација на крвниот притисок.

Во француска студија која траела 18 години, а опфаќала 4.000 луѓе, откриено е дека луѓето со највисоко ниво на магнезиум во организмот имале 40 проценти помал ризик од смрт во однос на оние кои имале пониско ниво на магнезиум.

Пониското ниво на магнезиум се поврзува со поголеми воспалителни процеси во телото, а со самото тоа и со срцеви заболувања и рак.

Институтот за медицина препорачува дневна доза од 400 до 420 мг магнезиум а за да бидете сигурни дека внесувате идеална доза магнезиум, во својата исхрана воведете некои од овие намирници:

Блитва

Издинстајте листови блитва на маслиново масло со лук, а потоа зачинете. Половина шолјичка приготвена блитва содржи 75 мг магнезиум.

Бадем

Ова е една од здравите грицки кои секогаш би требало да ги имате при рака. Една порција печени бадеми од 28 грама содржи 76 мг магнезиум.

Индиски ореви

Уште една грицка, која брзо ќе ве засити, а претставува одличен извор на магнезиум. Порција индиски ореви содржи 5 грама протеини и 77 мг магнезиум.

Спанаќ

Уште еден зеленчук кој треба да стане дел од вашата исхрана поради богатството на нутриенти што ги содржи. Пола шолјичка варен спанаќ содржи 79 мг магнезиум.

Скуша

Скушата е богата со омега 3 масни киселини и магнезиум, а ако ја испечете на скара со маслиново масло, лимон и морска сол ќе биде уште повкусна и попримамлива. Една порција скуша од 84 грама содржи 84 мг магнезиум.

Сусам

Сусамот е богат со железо, бакар, манган, калциум и секако, магнезиум. Можете да јадете само сусам или да го додадете во јадењето што го спремате. Порција сусам од 28 грама содржи 100 мг магнезиум.

Лосос

Сите знаеме колку е лососот здрав и вкусен. Една порција од 84 грама лосос содржи 104 мг магнезиум.

Бразилски орев

Не само што содржи магнезиум, бразилскиот орев содржи и селен. Порција од 28 грама бразилски ореви содржи 106 мг магнезиум.

Семки од тиква

Семките се најхранлив дел од тиквата. Порција од 28 грама семки од тиква содржи 156 мг магнезиум.

Фото: Pixabey