Ако сакате слатко, а здраво…Има нешто такво?!

Овие лесни и слатки залачиња ќе ви помогнат да ја пребродите кризата за слатко без грижа на совест.

0
564

За овие рецепти, иако се здрави, не ви требаат еден куп скапи состојки, туку само неколку, нискокалорични и хранливи.
Најдоброто е тоа што не ви се потребни ниту млечни производи, ниту јајца и шеќер. Рецептите се од Nest&Glow .

Чоколадни браунис од сладок компир

Здрави колачиња кои е супер едноставно да се направат, а ви требаат само:

2 средни батати, околу 300 г

120 грама мелени бадеми

125 г темно чоколадо

Приготвување:

Исечете ги компирите и печете ги на 220 C 40 минути. Кога ќе се оладат доволно помешајте ги со стопеното чоколадо и со мелените бадеми. Ставете ја смесата во некој четириаголен сад, а потоа изладете ги барем 1 час.

Здрави плочки со вкус на јаболко и јаткасти плодови

Овие здрави плочки ќе ве заситат, а за вкусот да не зборуваме – јаболката и бадемите се одлична комбинација.

Состојки:

Три големи јаболка

90 г овесни снегулки

150 г бадеми

Приготвување:

Бадемите натопете ги во вода и оставете ги преку ноќта.

Загрејте ја рерната на 190C.

Излупете ги и исцедете ги бадемите. Излупете ги и исечете ги јаболката. Ставете сѐ во блендер и мешајте неколку минути додека сѐ не се соедини.

Раширете ја смесата на тепсија врз мрсна хартијa.

Исечете ја смесата на плочки и печете половина час, додека не добијат златна боја.

Извадете ги од рерна и оставете ги да се оладат барем 10 минути.

По желба додадете сечкани банани или чоколадо.

Чоколадни бомбици со вишни

Дебел слој чоколадо, вишни и јаткасто овошје е сѐ што ви треба за да го добиете овој неверојатен вкус.

Состојки:

90 г сушени вишни (може и вишните кои ви останале од вишновка)

75 г мелени ореви, бадеми или лешници

50 г чоколадо

Приготвување:

Вишните и мелените јаткасти плодови по ваш избор, ставете ги во блендер.

Чоколадото стопете го.

Од вишните и оревите формирајте топчиња (ќе добиете околу 18). Со помош на лажица натопете ги топчињата во стопеното чоколадо, истресете го вишокот и ставете ги во фрижидер да се стегнат.

Фото: Pexels