Ако сакате да ослабнете, но и да го исчистите и да го зајакнете телото

0
337

Кога сакаме да ослабнеме обично почнуваме некоја диета, но речиси секоја влијае врз намалување на имунитетот и слабеење на организмот.

Но не мора да биде така. Со помош на кефир можете да си го исчистите и зајакнете телото, да ослабнете, да се храните здраво и да го подобрите имунитетот.

Оваа супер здрава намирница ја одржува црвената микрофлора во баланс, го поттикнува варењето и го јакне имунитетот.

Само кефир диета

Во текот на оваа диета кефирот е единствената намирница која ја користите во исхраната. Се пие околу 1,5 литри од овој напиток дневно во текот на 3 дена. Притоа, треба да се има на ум дека „оброците“ треба да се размномерно распоредени и растојанието помеѓу нив да биде еднакво. Ова не е долгорочна диета со долгорочни ефекти. Колку и да е здрава оваа намирница, едноличната исхрана не е никогаш добра опција. Сепак, на овој начин, за краток период можете да се прочистите и да симнете 4-5 килограми.

Овошна кефир диета

За разлика од претходната варијанта која е ограничена само на една „магична“ намирница, тука можете да користите и овошје. Можете да пиете до 2 литри кефир на ден и да изгубите 6-7 килограми. Ова е подобра варијанта затоа што овозможува да добиете повеќе хранливи материи. Најефикасна е варијантата со јаболки кога со 1,5 литар кефир треба да се изедат дневно 1,5 килограм јаболки. Дозволено е да се пие и минерлна вода и зелен чај.

Фото: Pixabay