Ако ја чувате лубеницата во фрижидер правите голема грешка?!

Неодамнешното истражување на американското министерство за земјоделие покажува дека сите ние кои пред консумација ја ладиме лубеницата во фрижидер. Всушност многу грешиме.

0
367

Имено, како што велат стручњаците, лубеницата треба да се чува на собна температура за да ги задржи сите хранливи состојки со кои изобилува. Кога е ладна лубеницата ги губи повеќето витамини и хранливи материи.

Уште една работа која ја откриле научниците е таа дека лубеницата продолжува да произведува витамини и хранливи материи и откако ќе се набере, но повторно – само ако е на собна температура. Кога ќе ја ставиме во фрижидер, тој процес значително се забавува.

Во рамки на истражувањето научниците оставиле на 14 дена лубеница на 21, 12 и 5 степени и се испоставило дека оние кои биле чувани на 21 степен имаат 40 отсто повеќе ликопен и од 50 до 139 отсто повеќе бета каротен.

Фактот дека намирниците ги губат хранливите својства кога се чуваат во фрижидер не е непозната.

Според нутриционистите, секоја намирница во фрижидер ги губи здравите материи. Затоа лубеница треба да се купува толку колку што сметате дека би можеле веднаш да изедете. Ако сепак ви остане, подобро е да ѝ ги извадите семките, да ја изблендирате и да ја замрзнете, па да ја зачувате за есен или зима. Секогаш за секое овошје е поголема користа ако веднаш се консумира или се замрзне цело, а најмногу хранливи материи се губат ако овошјето е начнато и ставено во фрижидер.

А лубеницата е една од најдобрите работи со кои можете да се почестите во лето затоа што се состои од 90 отсто вода, па ќе ве хидрира и ќе ве освежи. Заради тоа нејзино својство е идеална и за диети, а полна е со хранливи материи како што се витамините А и Ц, бетакаротен, ликопен, железо, цинк и многу минерали.