Ја знаете ли разликата помеѓу свежите и сувите смокви?

Сувите смокви се високо концентриран извор на минерали, витамини и антиоксиданси, а можат да се чуваат и до 6 месеци. Тие се вистинска ризница на минерали и витамини, а свежите се богати со ензими и антиоксиданти.

0
1087

Инаку, може да се јаде целата смоква: од надворешната лушпа, до слаткиот, внатрешен дел со ситни семки. Смоквите се многу вкусно и здраво овошје. Тие се вистинска витаминско-минерална бомба и одличен вкус. Брзо се вари на празен желудник, пред оброк или како меѓуоброк и има противтуморско дејство.

А одговорот на прашањето кои смокви се најдобри за користење е дека свежите смокви се богати со посебни ензими и антиоксиданти, содржат значајни количини минерали како што се калциум, калиум, магнезиум, анган, железо и бакар. Меѓу витамините се истакнуваат витамин А, Ц, Е и К. Затоа искористете го периодов и уживајте во свежите плодови колку што можете почесто. Со термичка обработка се намалува количината на нутритивните состојки.

Енергетската вредност на 100 грама свежи смокви изнесува 74 калории, од тоа 19,2% јагленохидрати, 0,75% протеини и 0,3% масти.

Од минерали, свежата смоква содржи калиум (232 mg), калциум (32 mg), магнезиум (17 mg), фосфор (14 mg), манган (0,1 mg), железо (0,4 mg), селен (0,2 mg), бакар (0,07 mg) и цинк (0,15 mg).

Од витамини, свежата смоква содржи: витамини од Б групата, витамин Е, К и малку витамин Ц.

Во 100 грама свеж плод на смоква има 3 грама влакна, 31 милиграма фитостероли и 85 μg бета-каротин.

Сувите смокви пак се полни со минерали, витамин и антиоксиданти, а во ладен и темен простор можат да се чуваат и повеќе месеци. Во зимските денови се сладок и здрав оброк.

„Калиумот и магнезиумот ќе помогнат за регулирање на крвниот притисок, калциумот ги јакне коските, влакната го подобруваат варењето.

Енергетската вредност на 100 грама сушени смокви изнесува 249 калории, од тоа 64% јагленохидрати, 3,3% протеини и 0,9% масти.

Од минерали, сувата смоква содржи: калиум (680 mg), калциум (162 mg), магнезиум (68 mg), фосфор (67 mg), манган (0,5 mg), железо (2 mg), селен (0,6 mg), бакар (0,3 mg) и цинк (0,5 mg).

Од витамини, сувата смоква содржи малку витамин Ц, витамини од групата Б, витамин Е и К.

Во100 грама сув плод има 9,8 g влакна, 32 mg лутеин-зеаксантин.

Смоквата со својот нутритивен состав и лековити својства се издига над многу видови на овошје.

Смоквите се подобар извор на растителни влакна од повеќето видови на овошје. 28% од влакната на смоквата се растворливи. Овој вид на растителни влакна помага во контролата на нивото на шеќерот во крвта и го намалува нивото на холестеролот, врзувајќи го од цревата.

Студиите покажуваат дека со консумирање на овошје богато со растворливи растителни влакна се намалува енергетскиот внес, а се задржува ситоста како и со консумирање на храна со повисока енергетска вредност. Тоа значи дека растителните влакна можат да помогнат во намалувањето на телесната тежина.

Нерастворливите растителни влакна од смоквата поволно делуваат на здравјето на дебелото црево. Тие го регулираат варењето на храната и овозможуваат нормално празнење на цревата.

Некои проценки покажуваат дека околу 70% од случаите на рак се поврзани со лошата исхрана. Повеќето прехранбени теории го поврзуваат високиот внес на масти и нискиот внес на влакна со ракот на дебелото црево.

Фото: Pixabey