Со уров против холестерол, висок притисок и хемороиди

За оние кои се заинтересирани да го одгледуваат, еве и информација дека се сее на крајот на февруари, не бара многу вода, цути на почетокот на мај, а се жнее на крајот на јуни, заедно со пченицата.

0
7425

Уровот е едно од најнепознатите мешункасти растенија во земјава, за кое малку се знае, а некои дури и првпат слушаат дека постои. Порано, постарите генерации многу често го комбинирале со кафе.

Во минатото уровот бил главна храна за добитокот, но освен во сточарството, наоѓа примена и во прехранбената индустрија.

Го има во мал дел во западна Македонија, а за оние кои се заинтересирани да го одгледуваат, еве и информација дека се сее на крајот на февруари, спаѓа во групата на мешункасти растенија, не бара многу вода, цути на почетокот на мај, а се жнее на крајот на јуни, заедно со пченицата.

Од дамнешни времиња народот го употребувал за јакнење на мускулното ткиво, особено на срцевиот мускул.

Во научните кругови сметаат дека неговите ефекти се должат на извонредниот сооднос на калиум, калциум и магнезиум со јагленохидратите, како и изобилството на витамини. Велат дека е ефикасен и како лек за хемороиди.

Наутро на гладно се зема по една кафена лажичка мелен уров.

Како лек против маснотии, односно, против холестерол и против висок крвен притисок, се користи до ден денеска.

Потребни состојки:

200 г ’рж
200 г уров

Приготвување:

Заедно смелете ги во мелница за кафе. Се вари исто како кафето, а се пие трипати дневно (една лажичка од мешавината за еден филџан вода). Доколку можете, потрудете се да го изедете и талогот. Не го заблажувајте.