Што се случува ако секој ден јадете по само 4 бадеми?

Ако секој ден јадете бадеми, со нив ги внесувате и клучните хранливи материи – познато е дека се богати со витамин Е, калциум, магнезиум и калиум.

0
2117

Бадемите се преполни со витамини и други елементи кои му ја даваат на нашето тело потребната количина хранливи материи и не одржуваат во добро здравје.

Природните несолени бадеми се вкусни и хранливи, а само неколку дневно може да ни помогнат во подобрување на здравјето на срцето, односно, во спречување на болести на срцето. Исто така, помага и во борбата против болести како дијабетес и Алцхајмер.

Ако секој ден јадете бадеми, со нив ги внесувате и клучните хранливи материи – познато е дека се богати со витамин Е, калциум, магнезиум и калиум. Исто така, тие се значаен извор на белковини и влакна, а содржат многу малку шеќери. Бадемите се богат извор на незаситени масти па не содржат холестерол или сол. Од сите јаткасти плодови содржат најголема количина рибофлавин (витамин Б2), како и ниацин (витамин Б3).

Еве што ќе му се случи на вашето тело ако јадете четири бадеми секој ден…

1. Го намалуваат нивото на холестерол

Бадемите се познати како најделотворни кога станува збор за намалување на лошиот холестерол. Ако ви е нивото на холестерол веќе високо, обидете се да го зголемите внесот на бадеми на 20-30 на ден.

2. За здрава коса

Бадемите содржат неколку витамини потребни за подобрување на растот на косата, а исто така и ја јакнат косата. Познато е дека магнезиумот и цинкот го стимулираат растот на косата, а витаминот Б ѝ дава на косата сјај и долговечност.

3. Ги спречуваат болестите на срцето

Бадемите се богати со антиоксиданси, мононезаситени масти, магнезиум и бакар – за кои се знае дека се добри за здравје на срцето и крвните садови. Јадењето бадеми со лушпа помага во спречување на исхемиски срцев удар или други срцеви состојби. Тоа е еден од најзначајните здравствени бенефити од секојдневната консумација на бадеми.

4. Спречува настанување на брчки

Содржат манган кој помага за производство на колаген – белковини одговорни за тонусот на кожата. Содржи и витамин Е, антиоксиданс кој помага во борбата против знаците на стареење.

5. Ја поправа цревната флора

Лушпите од бадеми содржат пробиотики потребни за раст и размножување на добрите цревни бактерии. Ако постои дисбаланс, можат да се појават симптоми како болки во стомакот, лош здив и проблеми со варењето. Затоа се препорачува секојдневна консумација на бадеми.

6. Слабеење

Консумирањето на бадеми ќе ве поттикне да јадете помалку јаглени хидрати во текот на денот. Помага за нормализација на метаболизмот, а исто така придонесува за губење на тежината. Содржи и влакна кои ви даваат чувство на ситост. Ова е една од топ здравствените предности на бадемите за нашето тело.

7. Ја подобрува мозочната активност

Бидејќи содржат витамин Е, бадемите помагаат за подобрување на помнењето (ако се консумираат редовно). Овие јаткасти плодови исто така го забавуваат стареењето на мозокот.


8. Го намалуваат ризикот од рак на дебело црево

Секојдневната консумација на бадеми драстично ја намалува појавата на лезии кои водат до рак на дебело црево. Значи, редовната консумација на бадеми го намалува ризикот од карцином на дебело црево.

9. Помага во борба против камен во жолчка

Бадемите се поврзани со намалување на појавата на камен во жолчката. Тоа е затоа што бадемите го намалуваат нивото на лошиот холестерол.

Фото: Pixabey