Оваа храна ќе ви го избрише салото од стомакот

Во борба со килограмите на храната не треба да се гледа како на непријател затоа што многу намирници се богати со добри масти кои го поттикнуваат слабеењето и го поткрепуваат здравјето

0
690

Омега-3 масните киселини од рибата и конјугираната масна киселина од млечните производи и месото се најдобрите состојки за губење на масните наслаги, велат нутриционистите.

Рибино масло за горење на калориите

Рибиното масло и CLA (конјугирана линолна киселина), стимулираат горење на калориите такашто ја зголемуваат активноста на раздвојување на протеинските гени. Поедноставно кажано, раздвојувањето на протеините води до горење на вишокот калории со подигање на телесната температура. Затоа, „здравите“ масти не ве дебелеат туку ве поттикнуваат на губење на килограмите.

Рибино масло и CLA можеме да добиеме од рибата, месото од диви пердувести животни, месо од животни од пасиштата и од сите млечни производи. Нутриционистите советуваат и меѓуоброците да ги збогатите со рибино масло секогаш кога е тоа возможно. Помеѓу супернамирниците кои ќе ви помогнат да го изгубите вишокот на килограми се наоѓа и маслиновото масло. Ова масло го продолжува чувството на ситост. Постојат претпоставки дека маслиновото масло и лимонот заедно помагаат во борбата со килограмите, но оваа комбинација најчесто се препорачува во случаи на замастен црн дроб.

Кога ќе ве фати желба за храна во доцните вечерни часови и кога ќе го отворите фрижидерот, подобро одлучете се за егзотичното авокадо. Тоа е богато со масти, но ќе ви помогне да ги потрошите складираните масти токму со високиот процент на добри масти во себе.

Благодарение на здравите масти што ги содржи, после оброкот кој содржи авокадо, се јавува долготрајно чувство на ситост, па до крајот на денот нема да имате потреба за храна. Во исхраната вклучете го и чиа семето, но и лососот, кои се одличен извор на добри масти. Инаку, 15 грама чиа семе содржи иста количина омега-3 масни киселини како и 250 грама лосос, па ако ви е лососот премногу скап, определувајте се почесто за чиа семе.

Ова семе е богато со протеини, влакна и омега-3 масни киселини па се идеален избор за слабеење а даваат и енергија. Додадете во јогуртот две лажички од чиа семето и оставете ги да отстојат барем 10 минути пред да почнете да јадете.

Добра вест е што можете да јадете и чоколадо. Станува збор за темно чоколадо кое исто како и авокадото може да ги спречи нападите на глад и да го продолжи чувството на ситост. Истражувањата покажуваат дека е најкорисно да се изедат две коцки чоколадо околу 2 часа пред главниот оброк. Така нема да се прејадувате.

Веќе споменавме дека маслиновото масло дава долготрајно чувство на ситост, а освен тоа може да го забави развојот на дијабетес тип 2, остеопорозата, депресијата и срцевиот удар. Маслиновото масло добро се согласува со секоја салата, но најдобар начин е да го користите во секое јадење. Промените ќе бидат брзо видливи.

Авокадото е најдобро да се консумира во разни салати или како ладен намаз, а вкусно е и само за себе.

Лененото семе е исто така одличен извор на омега-3 масни киселини, го подобрува варењето и ги ублажува симптомите на менопауза. Можеме да ги додаваме во пецива, во житарки, во смути, јогурт или во урдата, изборот е голем.

Кокосовото масло е добро за имунитетот, а здодевните слоеви на стомакот ќе исчезнат ако го воведете во својата исхрана. Користете го за пржење, а од него можете да правите и различни намази или да го додавате во смути.

Бадемите се одличен извор на протеини, даваат потребна енергија и го забрзуваат метаболизмот. За најдобар почеток на денот измешајте во блендер една банана, една рака бадеми, малку млеко и лажичка мед.

Лососот е една од најздравите риби, а само 100 грама содржат 200 калории, што е доволно за да се создаде чувство на ситост. Спојте ги двете супер намирници во една моќна салата – комбинацијата од лосос и авокадо ќе ви даде двојна сила.

Јогуртот е одличен извор на протеини, калциум и витамин Б12. Секој ден јадете порција јогурт и салото на стомакот брзо ќе го снема. Направете свој напиток: во чаша јогурт додадете чиа семе, зрнесто овошје и ќе добиете супер моќен оброк.

Путерот од кикирики се покажал како делотворен меѓуоброк затоа што создава чувство на ситост и го крева нивото на енергија. Додадете го во здраво смути или намачкајте го на тост. Може да се јаде и самостојно, како меѓуоброк.

Фото: Pixabey