Зелката може да го намали ризикот од карцином

Зелката му припаѓа на семејството на брокулата, кељот или карфиолот, а со децении членовите на ова семејство се предмет на различни научни истражувања, што особено се должи на нивното заштитно дејство од појава на карцином.

0
327

Зелката е извонреден извор на влакна кои се неопходни за здраво варење и за здравје на кардиоваскуларниот систем. Токму содржината на влакна во зелката би можела да биде една од неколкуте причини заради кои им се припипува заштитно дејство во борбата со карциномот на дебелото црево.

Зелката може да го намали ризикот од рак на дебелото црево

Резултатите на едно јапонско истражување покажале дека лицата кои јадат повеќе зелка имаат помал ризик од појава на карцином на дебелото црево. Слична студија потврдила дека поголемото внесување на зелка е поврзано со 29 отсто помал ризик од карцином на дебелото црево. Истражувањата покажале дека зелката може значително да го намали ризикот и од карцином на желудникот, бубрезите, мочниот меур, жолчниот меур, дојките и панкреасот.

Како се бори зелката со карциномот?

Зелката ја зголемува брзината со која нашето тело метаболизира и ги исфрла карциногените материи. Исто така, ја ДНК при изложувањето на зрачење. Своето благотворно дејство зелката го должи на сулфорафанот, материјата која припаѓа на групата глукозинолати кои играат важна улога во борбата против карциномот.

Фото: Freepik.