Пробна верзија на новогодишните колачи

Ако се прашувате зошто пробна верзија, тоа е затоа што едноставно не се исплати да се украсуваат кога ќе ги снема за 1 саат. Сме се зажелеле од лани...

0
421

Ако ги направите подебели, ќе бидат поубави за јадење, ама не се лоши ниту вакви, тенки и крцкави.

Состојки:

100 г кафеав шеќер

179 г путер на собна температура

1 јајце

1 лажичка арома од ванила

260 г брашно

прстофат сол

пола лажичка цимет

пола лажичка ѓумбир

100 г мелени ореви

рендана кора од 1 голем портокал

Приготвување:

Изматете ги со миксер путерот и шеќерот, потоа додадете ги јајцето и аромата од ванила. Додадете ги и останатите состојки и замесете го тестото со рака, но само колку да се соединат состојките. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер барем на 2 часа или преку ноќ.

Разладеното тетсо расукајте го на набрашнета површина до саканата дебелина и вадете облици со помош на калапчиња за колачи. Редете ги колачите на тепсија обложена со мрсна хартија за печење.

Печете ги на 170°C околу 7-10 минути. Оставете ги да се оладат, а потоа украсете ги по желба.

Со растопено чоколадо и со сечкани ореви или лешници или пак со растопен шеќер со.рум.