Состојки (за околу 30-35 колачи)
170 г црно чоколадо
115 г путер
2 јајца
100 г брашно
125 г шеќер
20 г какао
1 лажичка прашок за пециво
1 ипол лажичка ѓумбир во прав
1 лажичка цимет
1 лажичка екстракт од ванила
Прстофат сол
Шеќер во прав за поросување
Приготвување:
Во еден сад измешајте ги сувите состојки: брашно, прашок за пециво, какао, цимет, ѓумбир во прав и прстофат сол.
На пареа стопете ги чоколадото и путерот.
Оставете ги 10 минути да се оладат па додадете во тоа шеќер и добро измешајте.
Потоа во чоколадната смеса додавајте едно по едно јајце, добро мешајќи (со рачна маталка, не мора со миксер) па екстрактот од ванила. На крај малку по малку додавајте ги сувите состојки и сѐ добро измешајте.
Ставете ја смесата во фрижидер на најмалку 2 часа (може и преку ноќ) убаво да се стегне.
Со лажичка вадете од смесата и обликувајте ги во топчиња со големина на ореви.
Извалкајте ги топчињата во шеќер во прав па редете ги во тепсија покриена со хартија за печење. Не треба да ги притискате но внимавајте помеѓу топчињата да оставите простор затоа што тие ќе се рашират во печењето.
Печете во претходно загреана рерна на 180 °C околу 10-12 минути. Оставете ги малку да се оладат па дури потоа вадете ги од тепсијата и оставете ги на решетката да се оладат целосно. Чувајте ги во кутии со капак од 7 до 10 дена.
Фото: Pixabey