Состојки:
3-4 помали морковчиња (или 1 голем морков)
1 црвен кромид
1 компир со средна големина
малку праз
малку пашканат
1 пакување замрзнат грашок
1 лист од ловор
малку ладно цедено сончогледово масло
сол, црн пипер, црвен пипер
свеж магдонос
Приготвување:
Ставете во тенџере масло и исечкан кромид, праз, исечкани моркови, исечкан компир и пашканат и пропржете ги.
Потоа додадете вода, ловоров лист и смрзнатиот грашок и зачинете.
Оставете го полупокриеното тенџере на тивок оган околу 15-20 минути, исклучете и додадете го сечканиот свеж магдонос.
Ручекот е готов!