Колачите од мак на многумина им се омилени затоа што обично не се тешки за правење, а со макот мжат да се комбинираат и состојки како јаболки, јогурт или чоколадо. Брзите рецепти од мак ги вклучуваат во себе основните намирници кои повеќето од нас веќе ги имаат дома, но можат да бидат и безглутенски.
Макот е извор на многу нутритивни состојки, особено на антиоксиданси и витамини од групата Б. Делува лековито на многу здравствени состојби, како на пример, против напнати мускули, против стрес и лошо расположение, против грчеви во стомакот, слаб имунитет и болки во желудникот.
Колач од мак и чоколадо
Безглутенски колач со мак и чоколадо е извонреден избор на десерти за оние кои имаат алргија на глутен или страдаат од целијакии. Извор е на многу влакна, минерали и витамини кои ќе го заблажат сечие непце.
Состојки:
220 гр црно чоколадо
120 г кокосов путер
75 г мелен мак
Малку сок од лимон
Малку рендана кора од лимон
125 г мелени лешници, ореви или бадеми
150 г кафеав шеќер
Лажичка цимет
Малку екстракт од ванила
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 160 степени, а садот за печење обложете го со хартија и намрсете ја хартијата со малку путер.
На шпорет стопете го чоколадото на пареа и додадете го кокосовиот путер. Во голем сад ставете го мелениот мак, одбраните мелени јаткасти плодови и циметот и шеќерот. Потоа додадете ја стопената смеса, екстрактот од ванила, сокот и кората од лимон, измешајте сѐ и ставете ја смесата во приготвениот сад за печење.
Печете го околу 35 минути. Рабовите малку ќе се издигнат и ќе попукаат, а средината ќе делува како да не е допечена, но подоцна ќе се стегне. Кога ќе се олади, превртете го колачот во чинија и по желба поросете го со какао или со шеќер во прав.
Фото: Pixabay