Состојки:
3 белки
250 г шеќер во прав
10 г ванилин шеќер
3 капки рум (по желба)
1 мала лажичка цимет
250 г бадеми
Приготвување:
Од белките изматете цврст снег па постепено додавајте го шеќерот и продолжете да мешате со миксерот. Две лажици издвојте за премачкување.
Во снегот од белките внимателно измешајте ги ванилиниот шеќер, румот, циметот и половина од мелените неизлупени бадеми. Во смесата додадете толку преостанати бадеми за незначително да се лепи. Префрлете ја смесата на работна маса поросена со шеќер и расукајте на дебелина од околу 1/2 цм. Со помош на калпчиња вадете од тестото и редете ги на тепсија а потоа премачкајте ги со остатокот од снегот.
Печете на 140°C околу 30 минути. При вадењето од рерна мораат да бидат малку меки. Оставете ги да се оладат и по желба украсете ги, но и вака се преубави.
Фото: Pixabay